Манчестер Јунајтед беше блиску до победа, водеше со 3-2 длабоко во судиското продолжение, но Евертон успеа да освои бод на „Олд Трафорд“ со погодокот на Доминик Калверт – Луин во 96.минута.
Претходно, „црвените ѓаволи“ водеа во најголем тек од мечот. Единсон Кавани, кој во последен момент влезе во тимот иако влечеше повреда на глуждот, постигна гол во 24.минута за водство, а Бруно Фернандеш го удвои во 45.минута.
Но, блиц-криг на Евертон на стартот од вториот дел. Докоре во 49.минута намали на 2-1, а само три минути подоцна Хамес Родригез се погрижи за израмнување.
Скот Мектоминај во 70.минута повторно донесе водство за Јунајтед од 3-2, но во судиското продолжение сепак Евертон стигна до бод.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













