Гави би можел да ја заврши својата приказна со Барселона уште во јануарскиот преоден рок. Шпанските медиуми тврдат дека Ханси Флик повеќе не го гледа младиот играч за врска како важен дел од своите планови, поради што разделбата станува сè поизвесна.
Според информациите на новинарот Алфредо Мартинез, германскиот тренер нема намера да му даде поголема улога на 22-годишниот фудбалер, кој е сериозно разочаран од третманот што го добива во клубот.
„Флик не смета на Гави. Фудбалерот е многу разочаран и смета дека не е фер она што му се случува“, открива Мартинез.
Односот на тренерот кон шпанскиот репрезентативец стана тема и на последната прес-конференција, кога Флик зборуваше за неговите можности да добие поголема минутажа.
„Не гледам можност да игра како десен бек. Сите знаеме дека е врвен фудбалер и секогаш е опција, но кога ќе започне натпреварот, таа опција може да исчезне. Разговарав со него за неговата улога и му дадов поддршка“, изјави тренерот на Барселона.
Статистиката на Гави во актуелната сезона најдобро покажува колку е променет неговиот статус. Досега запиша седум настапи, но на теренот помина само 191 минута, што е премалку за фудбалер кој до неодамна беше еден од најважните членови на каталонскиот состав.
Гави е дел од Барселона уште од својата 11-годишна возраст, кога пристигна од Бетис. За првиот тим досега одигра 173 натпревари, постигна 10 голови и забележа 18 асистенции.
Интерес за неговите услуги наводно покажува Пари Сен Жермен, каде што Луис Енрике би сакал повторно да соработува со шпанскиот фудбалер. Се очекува во јануари да пристигнат и други понуди, особено ако Барселона даде зелено светло за негово заминување.
Пазарната вредност на Гави во меѓувреме значително опаднала и моментално се проценува на околу 25 милиони евра, сума што дополнително би можела да го зголеми интересот на европските клубови
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













