Тренерот на Лацио, Џенаро Гатузо, со голема емоција се наврати на еден од најболните моменти во неговата кариера – поразот на Италија од Босна и Херцеговина, кој „aѕурите“ ги остави без пласман на Светското првенство.
Говорејќи на фестивалот во Тренто, Гатузо откри дека последиците од тој натпревар биле многу потешки отколку што јавноста можела да претпостави. Италијанскиот стратег призна дека долго време не можел ниту да ги гледа најважните моменти од мечот.
„На почетокот тешко заспивав. Со часови шетав навечер само за да се изморам и да успеам да заспијам. Поразот од БиХ е рана што ќе остане цел живот“, изјави Гатузо.
Поранешниот италијански репрезентативец потенцираше дека во фудбалот често одлучуваат најситните детали, нешто што самиот го почувствувал во текот на својата богата играчка кариера.
Тој воедно изрази благодарност до фудбалерите и раководството на Фудбалската федерација на Италија за максималниот ангажман, без оглед на конечниот исход.
Гатузо се осврна и на црвениот картон на Алесандро Бастони, нагласувајќи дека таквите ситуации се составен дел од фудбалот и дека нема причина да му се замерува на дефанзивецот.
Она што особено го погодува Гатузо е фактот што во јавноста целиот труд и случувањата на теренот често се вреднуваат единствено преку конечниот резултат.
Сепак, тој денес сака да гледа напред. Гатузо порача дека не планира повеќе да се навраќа на минатото и дека целосно е насочен кон новите предизвици со Лацио.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













