Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, предвреме го завршил вчерашниот тренинг на Наполи откако тренерот Џенаро Гатузо под казна го испратил во соблекувалната. Како што информира „Кориере дело спорт“, Џенаро Гатузо се одлучил на ваков потег затоа што не му се допаднал ентузијазмот со кој Елмас го одработувал тренингот. Сепак, Гатузо е познат како темпераментен стратег кој често претерува во односот со фудбалерите.
Ова не е првпат Гатузо да брка играч од тренинг. Претходно, иста судбина доживеале и Алан, Гулам и Марио Руи. Можно е Елмас како казна да не биде во составот за дуелот против Лацио.
Џенаро Гатузо многу веројатно во следната сезона нема да биде тренер на Наполи и ќе се пресели во Фиорентина. Како негов наследник се споменуваи Лучано Спалети.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski