Тренерот на Рома, Џанпјеро Гасперини, го пофали својот тим по победата над Торино. Искусниот стратег беше особено задоволен од настапите на Дониел Мален, Пауло Дибала и Леонардо Балерди, а аргентинскиот дефанзивец дури го спореди со легендарниот Франко Барези.
Гасперини истакна дека „волчицата“ е подготвена да ги одмери силите со најдобрите, мислејќи на големото дерби против Интер кое следува следната недела.
„Прекрасно е за навивачите и за секој што го сака фудбалот да гледа шампиони како Мален и Дибала како соработуваат и создаваат ситуации од ништо практично на секој натпревар. Очигледно, станува збор за двајца фудбалери со огромен индивидуален талент, но исто така совршено се надополнуваат како тандем. Одлично се вклопуваат и постигнуваат голови на голем број натпревари“, изјави Гасперини.
„Сметам дека одигравме многу добро прво полувреме, иако ни недостигаше малку повеќе квалитет во последната третина од теренот. Торино исто така внесе свежи сили, па понекогаш мора да знаеме да играме помалку атрактивен, но поефикасен фудбал. Тоа е фундаментален аспект – да знаеш да ги користиш двата стила“, посочи тренерот на Рома.
Гасперини посебно го истакна Леонардо Балерди, за кого смета дека поседува карактеристики кои потсетуваат на еден од најдобрите дефанзивци во историјата.
„Балерди е многу силен, модерен дефанзивец – физички моќен и брз. Најголемиот дефанзивец на сите времиња беше Франко Барези. Не сакам да правам директни споредби, но начинот на кој Леонардо ја толкува својата улога и учествува во играта ме потсетува на неговите карактеристики. Секако, никој не може да се спореди со Барези, но станува збор за токму таков тип на дефанзивец“, објасни Гасперини.
Рома по четири кола има максимални 12 бода и е на врвот на табелата во Серија А, а следниот предизвик ќе биде исклучително тежок – гостување кај Интер.
„Имаме неколку дена за подготовка за натпреварот со Интер. Минатата сезона разликата меѓу двата тима беше голема, особено кога нè надиграа во вториот натпревар, но токму тогаш се роди вистинската Рома – со подоцнежниот напредок во резултатите, однесувањето и менталитетот“, истакна тренерот на „волчицата“.
„Јасно е дека Интер е реперот во ова првенство – силен тим, за кој сите сметаат дека е најдобар во Италија, иако според мене Комо веќе му се приближува. Ова е одлична можност за нас да се надигруваме со најдобрите и да покажеме дека можеме да бидеме подобри во однос на нашите последни натпревари“, додаде Гасперини.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













