Капитенот на Арсими, Арѓенд Гафури, очекува неговиот тим да покаже подобро издание на гостувањето против Брегалница во рамките на второто коло од Првата фудбалска лига. По неуспешниот старт на сезоната, тој верува дека екипата ги надминала слабостите и е подготвена за новиот предизвик.
“Не го започнавме првенството онака како што посакувавме и свесни сме дека резултатот од првото коло не беше во согласност со нашите очекувања и очекувањата на навивачите. Во изминатите две недели работевме напорно, ги анализиравме грешките и верувам дека напредувавме во повеќе сегменти и во играта, и во организацијата, како и во самодовербата на тимот”, изјави Гафури.
Говорејќи за претстојниот дуел во Штип, капитенот истакна дека Арсими го респектира квалитетот на Брегалница, но верува дека неговата екипа може да стигне до позитивен резултат.
“Свесни сме дека нe очекува тежок натпревар против Брегалница. Го знаеме квалитетот на противникот, но веруваме во нашите можности и во работата што ја завршивме на тренинзите. Во Штип патуваме со јасна цел да освоиме позитивен резултат”, нагласи капитенот на Арсими.
На крајот, Гафури испрати порака до навивачите, барајќи ја нивната поддршка во текот на сезоната.
“Ги повикувам нашите навивачи да продолжат да бидат со нас. Првенството е долго и убеден сум дека со напорна работа и посветеност ќе ги оствариме нашите цели. Ќе го дадеме максимумот на секој натпревар за да ги израдуваме сите што го сакаат “
Натпреварот меѓу Брегалница и Арсими ќе се одигра вечерва со почеток од 19:00 часот Градскиот стадион во Штип.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













