Connect with us

Гафури: Фокусирани сме на победа против Шкупи

Арсими се среќава со Шкупи во 19. коло од фудбалско првенство, a по двата порази на стартот од пролетниот дел од сезоната екипата има јасна цел, тоа е враќање на победничките патеки.

Во пресрет на оваа важна средба, своето очекување го сподели фудбалерот Арѓент Гафури.

„Нѐ очекува многу важен натпревар против Шкупи. Иако во моментов не се наоѓаат во најповолна позиција на табелата и не минуваат низ најдобар период, тоа воопшто не го менува нашиот респект кон нив. Шкупи е клуб со историја, традиција и квалитет во составот. Свесни сме дека ќе биде цврст натпревар и на теренот ќе го дадеме максимумот. Го почитуваме секој противник, но нашиот фокус е на нашата игра, на позитивен резултат и на продолжување на патот кон нашите амбиции”, изјави Гафури.

Натпреварот Шкупи – Арсими ќе се одигра денес со почеток од 14 часот на стадионот во Гостивар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови