Голманот на Вардар, Филип Гачевски, реагираше по случувањата во последното коло од Втората лига – Запад, во кое Воска остана непоразена (1-1) на гости во Кратово против Силекс. Тоа на охриѓани им го донесе второто место и пласман во баражот за Првата лига, а Вардар остана второлигаш.
„За нас за жали заврши сезоната како што е. Дадовме максимум труд и срце на терен. Фудбалот носи среќа и фудбалот понекогаш е суров. За жал, она што се случуваше оваа сезона во Втората лига – Запад е незапамтено. Сакам да потенцирам дека однапред се знаеше се! И за крај денес во Кратово умре македонскиот фудбал и фудбалската игра. Силекс Кратово, Господ е голем. Вардар бил и ќе биде најдобар клуб во Македонија“, напиша Гачевски на својот фејсбук-профил.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski