Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жезус, ќе го напушти лондонскиот клуб веќе во јануарскиот преоден рок, тврдат италијанските и бразилските медиуми.
По повредата на коленото, Жезус се врати во тимот, но менаџерот Микел Артета не му дава доволно шанса за игра.
Бразилецот очајно сака поголема минутажа и сака да се наметне за Светското првенство следната година, за што му е потребно редовно играње и максимална форма.
Неговите агенти веќе преговараат со Милан за можност за позајмица со опција за откуп, бидејќи летното засилување на „росонерите“, Кристофер Нкунку, кој чини 37 милиони евра, досега не покажал ништо.
Габриел Жезус би се вклопил совршено во системот на Масимилијано Алегри, па сега се чека договорот да се финализира.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













