Connect with us

Футсал: Македонија загуби (2-5) од Шведска во Алингсас

Македонската футсал репрезентација со пораз (2-5) од Шведска ги стартуваше квалификациите на гостувањето во Алингсас.


Драган Петровиќ на стартот донесе водство за Македонија, а три минути пред полувремето израмни Фехим Смајловиќ.

Шведска дојде во пресврт во седмата минута од вториуот дел, кога Донат Гаши погоди за 2-1, но многу брзо одговори Адријан Мицевски.

Атаи Наџафи вторпат ја донесе Шведска во водство, четвртиот гол за домаќинот повторно беше дело на Донат Гаши кој до крајот комплетираше и хет-трик.

Македонија за пет дена игра против Италија во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови