Connect with us

Футсал: Македонија вечерва на гости против „аѕурите“

Футсал репрезентацијата на Македонија вечерва (20 часот) во Катанија ќе ги одмери силите против Италија во третиот меч од групата 10 во квалификациите за Светското првенство 2024.


Селекторот Васко Скендеровски вели дека тимот е подготвен за предизвикот против една од најдобрите европски селекции.

„Не очекува еден исклучително тежок натпревар против репрезентацијата на Италија, поранешен европски првак и светски вицешампион. Притисокот кој го имаме после изненадувачкото реми во Скопје, не прави да бидеме максимално сконцентрирани и посветени на овој натпревар иако знаеме дека се се решава во недела во Скопје против селекцијата на Шведска. Свесни сме ќе биде многу тешко двапати по ред да извлечеме поволен резултат против Италија, имајќи го предвид фактот дека за овој натпревар ги немаме Даниел Де Соуза кој отсуствува поради полесна повреда на зглобот и не сакав да ризикувам за овој натпревар, како и искусниот Таулант Исмаили кој побара да биде ослободен од овој натпревар поради приватни причини, а доби зелено светло од моја страна со оглед на фактот дека секогаш бил на располагање на репрезентцијата и го давал максимумот“, вели селекторот Скендеровски пред денешниот дуел со Италијанците.

По првите два натпревари во квалификациите, Македонија има едно реми и еден пораз во групата 10 во која покрај Македонија и Италија е уште и селекцијата на Шведска.

Избраниците на Скендеровски ремизираа (3-3) во Скопје со Италија, а загубија на гостински терен со 5-2 од Шведска.

Последниот квалификациски дуел за избраниците на Скендеровски е на 5. март против Шведска во Скопје.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови