Connect with us

Футсал: Македонија на мегдан со „аѕурите“ во Скопје

Футсал репрезентацијата на Македонија вечерва (19 часот) во СЦ „Јане Сандански“ го игра вториот меч од квалификациите за пласман на Светското првенство 2024 година. Противник е селекцијата на Италија, која ќе биде нов голем предизвик за избраниците на селекторот Васко Скендеровски.

Со натурализираниот Бразилец Даниел Де Соуза и со неколку интернационалци, селекцијата на Македонија ќе се обиде да стигне до првиот триумф.

На стартот од новиот циклус, македонскиот футсал тим загуби од Шведска во Алингсас со 5-2.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови