Милан стигнаа до исклучително важни три бода на „Сан Сиро“, совладувајќи го Лече со 1-0 во 21. коло од Серија А. Херој на средбата беше Никлас Фулкруг, кој влезе во игра во 73. минута и само три минути подоцна го постигна единствениот гол, донесувајќи им победа на „росонерите“.
Во првото полувреме Милан се мачеше да ја пробие дисциплинираната одбрана на Лече. Иницијативата беше кај домаќинот, но вистинска опасност кон голот не се создаваше. Во второто полувреме, Алегри ги поттикна играчите да заиграат поофанзивно, а првата сериозна шанса ја имаше Ричи со удар од работ на шеснаесетникот, кој го одбрани голманот Фалконе. Италијанскиот чувар на мрежата потоа блесна и во 62. минута, кога го запре зицерот на Кристијан Пулишиќ.
Клучниот момент дојде со двојната измена на Алегри во 73. минута: во игра влегоа Лофтус-Чик и Фулкруг. По прецизниот центаршут на Салемакерс, Фулкруг ја затресе мрежата и донесе водство од 1-0. До крајот Милан се повлече, контролирајќи го резултатот и чувајќи ја минималната предност.
Со оваа победа, Милан останува на второто место со 46 бодови, три помалку од лидерот Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













