Ливерпул претрпе изненадувачки пораз од Фулам со 3-2 и пропуштија да ја зголеми предноста на врвот на табелата во однос на Арсенал кој вчера ремизираше со Евертон.
Мекалистер со убав погодок го доведе Ливерпул во водство по 14 минути игра, но до крајот на првиот дел домаќините постигнаа три гола. Прво Сесењон стрелаше за 1-1, а потоа Ивоби погоди десетина минути подоцна за целосен пресврт.
Нигериецот му асистираше на Родриго Муниз за трет гол за Фулам. Во вториот дел видовме само еден гол кој го постигна Луис Диаз за конечни 3-2.
Тотенхем го победи Саутемптон со 3-1, кој испадна од Премиер – лигата, додека Брентфорд и Челси ремизираа без голови.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













