Младата женска фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа на квалификацискиот турнир (Б лига) за пласман во А дизивијата од квалификациите за ЕП кој се одржува во Скопје.
Нашата репрезентација ја победија Словенија со минимален резултат 1-0 во битката за првото место во групата.


Женската репрезентација до 17 години, го освои првото место во групата 6 (Б лига) и обезбеди промоција во А лигата.
На тренинг центарот „Петар Милошевски” Македонија и Словенија одиграа тврд натпревар, со голема борба и пожртвуваност. Стрелец на единствениот погодок на денешната средба беше Настасја Накова во 8. минута.


Квалификациски турнир во Скопје;
Лига Б, Група 6;
Македонија – Словенија 1-0 (1-0)
МАКЕДОНИЈА: Евгенија Велјановска, Настасја Накова, Блехана Алиеска, Канита Емини, Мила Панева, Ева Величкова, Теона Галабовска, Меланија Грозданова, Ана Марија Цветкоска, Калина Попески, Елена Наумоска;
Селектор: Катерина Милеска;
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













