Македонската женска репрезентација до 17 години славеше победа против Луксембург (2-0), втора на квалификацискиот турнир за ЕП – Б лига, кој се игра во Струмица. Лана Спасовска во 17. минута од натпреварот погоди за водство на Македонија од 1-0, а девет минути подоцна Лаила Бала ја удвои предноста, поставувајќи го и конечниот резултат.
Нашата селекција, на отворањето на турнирот запиша победа против Грузија, а младите фудбалерки третиот меч од квалификациите ќе го одиграат против Северна Ирска на 6. март од 13:00 часот во Струмица.
По две одиграни кола, Македонија и Северна Ирска имаат по шест освоени бодови, додека Грузија и Луксембург се без поени.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













