Connect with us

Фудбалерите неколку часа подоцна безбедно слетаа во Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија стигна на домашно тло откако се соочи со проблеми при првиот лет и мораше принудно да се врати на аеродромот во Истанбул.

Поради технички проблем првиот лет заврши со повторно слетување на истиот аеродром, по што со друг авион неколку часа подоцна безбедно пристигна во Скопје.

Националниот фудбалски тим одигра два пријателски натпревари на гостински терен со селекции што ќе учествуваат на Светското првенство, ремизираше 0-0 против Босна и Херцеговина во Сараево и загуби со 4-0 од Турција во Истанбул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови