Фудбалската репрезентација до 19 години доживеа убедлив пораз (4-0) од Холандија во вториот натпревар од елитните квалификации за Европското првенство.
Холанѓаните презедоа иницијатива уште од првите минути и целосно ја контролираа играта, а резултатот го комплетираа со по два гола во двете полувремиња. Најзабележителен во нападот беше Рулен, кој постигна хет-трик, додека еден гол додаде Беренс.
Ова беше прв пораз за Македонија во групата, откако во првиот меч ремизираше без голови против Фарските Острови. Во групата е уште и селекцијата на Молдавија, која ќе биде нашиот следен ривал.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Халанд: Мечот со Англија е специјален за мене
Втора лига
Баже Јанакиевски е нов тренер на Работнички













