Connect with us

Фудбалери од Серија А биле клиенти на криминална мрежа која се занимавала со елитна проституција

Во Италија е разбиена голема криминална мрежа која подолго време организирала луксузни услуги поврзани со проституција и наводно имала клиенти и од спортската елита, меѓу кои и фудбалери од Серија А.

Акцијата ја спровела италијанската полиција под координација на обвинителката Бруна Албертини, при што е разоткриена група која формално функционирала како агенција за организација на настани, но во позадина нудела ексклузивни „аранжмани“ за богати клиенти.

Според наводите на „Газета дело Спорт“, во мрежата биле вклучени посредници, како и лица од ПР индустријата, што овозможило дискретно и организирано работење на системот.

Истражните органи утврдиле дека се работи за профитабилен и добро структуриран модел, во кој клиентите биле привлекувани со вечери во луксузни клубови во Милано, по што им биле понудени престои во скапи хотели и дополнителни услуги. Посебен сегмент од понудата бил наменет за професионални спортисти, особено по завршување на натпревари.

Вкупниот приход на групата се проценува на повеќе од 1,2 милиони евра, а во документите се споменуваат најмалку 50 лица кои наводно користеле услуги од мрежата.

Четворица главни осомничени се товарат за повеќе кривични дела, меѓу кои посредување и експлоатација на проституција, перење пари и организирано криминално здружување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови