Фудбалерите на Ница, Жереми Бога и Терем Мофи, покренаа правна постапка откако беа физички нападнати од сопствените навивачи. Двајцата моментално се на боледување по инцидентот кој го доведе клубот во хаос, пишуваат медиумите. Инцидентот се случил во неделата навечер, по поразот од Лориен со 3-1.
Клупскиот автобус пристигнал во тренинг-центарот, каде околу 400 бесни навивачи ги дочекале играчите и персоналот. Бога и Мофи биле жртви на удари со раце и нозе, како и плукање. Наводно, им биле упатени и расистички навреди. Некои од ударите биле насочени кон гениталиите.
Поради нападот, Бога добил пет дена боледување, а Мофи ќе отсуствува до следната недела. Наводно, нигерискиот напаѓач имал потреба од помош на голманот Јеван Диуф за да влезе безбедно во клупските простории.
Иако играчите биле предупредени за можен непријателски прием уште при напуштањето на аеродромот, тимот сепак одлучил да се врати во тренинг-центарот. По пристигнувањето, на двајца претставници на навивачите им било дозволено да влезат во автобусот за да изразат незадоволство. Ситуацијата ескалирала при излегувањето, кога, и покрај присуството на обезбедувањето, бил нападнат и спортскиот директор Флоријан Морис.
Клубот, чиј сопственик е сер Џим Ретклиф, ко-сопственик на Манчестер Јунајтед, се наоѓа во длабока резултатска криза. Моментно се на десеттото место на табелата во Лига 1 со шест последовни порази. Ова претставува драстичен пад во однос на минатата сезона, која ја завршија на четвртото место.
Француските медиуми пишуваат дека тренерот Франк Хез размислува за заминување од клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Левандовски од лето се сели во МЛС – лигата?
Евро-фудбал
Чави ќе го замени Мареска на клупата на Челси?
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













