Connect with us

Фудбалер го опишува хаосот: „Терористи го напаѓаат Израел“

Милитантите на Хамас од Газа од понеделникот испукале над 1.750 ракети кон Израел, но многумина биле пресретнати од израелскиот одбранбен систем. Израел одговори со разорни воздушни напади врз Газа, убивајќи најмалку 109 лица досега, од кои 28 деца и 15 жени.


Удрен беше и Петах Тиква, во кој игра бразилскиот фудбалер Игор Видал. Фудбалерот на Хапоел таму го сними својот руиниран стан во кој живееше со своето семејство.


„Ова е мојот стан во Петах Тиква по нападот на Хамас. Оваа снимка ви покажува за какви луѓе станува збор. Тие се однесуваат како животни, напаѓаат невини луѓе како мене, мојата сопруга и децата. Престанете да велите дека Израел ја напаѓа Газа, ве молам. Не верувајте во медиумите да ви кажуваат дека Израел убива луѓе во Газа затоа што тоа не е точно. Израел само се брани од терористи. Никој не го заслужува ова”, напиша Видал под снимката.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови