Connect with us

Французите со критики за Дембеле: Освојувачот на „Златната топка“ е катастрофален во националниот дрес

Со Пари Сен Жермен повторно ги освои сите трофеи, а летово на Светското првенство постигна шест гола и запиша две асистенции, но неговите настапи во Лигата на нации предизвикаа остри реакции во француските медиуми.

Особено критичен е реномираниот „Л’Екип“, кој смета дека учинокот на Осман Дембеле во дресот на француската репрезентација покажува сè поголем јаз меѓу неговата репутација и реалните настапи на меѓународната сцена.

„13 гола на 71 натпревар. Тоа е вистинска КАТАСТРОФА, очаен учинок. Тоа се бројки на фудбалер кој има споредна улога. Дембеле упати ПЕТ удари – повеќе од кој било друг француски фудбалер – но ниту еден не одеше во рамките на голот.

Исто така, 22 ПАТИ ја загуби топката, што беше најлош учинок на натпреварот. За 30 минути, белгискиот бек Сејс многу почесто ‘гледаше ѕвезди’ во дуелите со Олисе отколку во претходниот час против Дембеле“, пишува „Л’Екип“.

Освен „Л’Екип“, и други француски медиуми најавуваат дека Дембеле би можел да се пресели на клупата кога во составот ќе се врати Килијан Мбапе. Според нив, во овој момент Мајкл Олисе, Дезире Дуe и Рајан Шерки даваат многу повеќе на теренот.

Дембеле неодамна повторно се најде на удар на француските медиуми, откако се појавија информации дека не му се допаѓа кампањата што ја води Мбапе во обидот да ја освои „Златната топка“.

Наводно, Дембеле зборовите на својот соиграч ги сфатил како знак на непочитување, особено имајќи предвид дека тој е актуелен освојувач на „Златната топка“ и фудбалер кој со Пари Сен Жермен во 2026 година ги освои сите најважни трофеи.

Поради тоа, во Франција веќе се појавуваат и шпекулации дали зад ваквите остри критики на „Л’Екип“ можеби стојат луѓе блиски до Мбапе.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови