Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година загуби минимално (0-1) од Франција на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Стрелец на единствениот погодок на мечот беше фудбалерот на Милан, Пјер Калулу, во 75.минута од средбата.
Македонија долг период успеваше да одолее на нападите на „триколорите“ кои го имаа поседот на топката, но и не создадоа којзнае колку шанси пред голот на Давид Денковски.
Какере во 37.минута го погоди дирекот со удар од далечина.
Марио Илиевски во 40.минута ја имаше единствената шанса за Македонија на овој меч. По акција од аут, Хајдари уфрли за Илиевски, тој излезе сам пред Мелие, но францускиот голман истрча, го скрати аголот и одбрани.
Во вториот дел, Франција плетеше мрежа пред нашиот гол, а во 75.минута успеа да го постигне победничкиот гол. Пјер Калули реагираше добро во шеснаесетникот откосо од десната страна и ја погоди мрежата. Манев во обид да исфрли во корнер го „проигра“ Калулу, а тој од прва шутираше крај Денковски.
🎥 | Kalulu’s goal for France U-21 against Macedonia pic.twitter.com/kDHSbeso3s
— Milan Eye (@MilanEye) November 16, 2021
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski