Connect with us

Франк Де Бур ќе биде тренер на Ал Џезира

Тимот на Аз Џезира од Обединетите Арапски Емирати го назначи поранешниот селектор на Холандија, Франк де Бур, за нов тренер. Информацијата ја пренесува самиот клуб.


Де Бур ќе го наследи Марсел Кајзер кому му истече договорот. Поранешниот тренер на Ајакс е на чело на клубот од Абу Даби од 2019 година.


Холандските медиуми објавија дека Де Бур потпишал двегодишен договор со Ал Џезира.


Ова е прво назначување на 53-годишниот Де Бур откако се повлече од тренерската функција на „лалињата“ пред две години по ЕВРО 2020 година, кога беа исфрлени во осминафиналето од Чешка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови