Реал Мадрид бара тренер кој е подготвен да ја преземе функцијата уште пред почетокот на следната сезона, пренесува „Кадена СЕР“. „Кралевите“ срамно испаднаа од Купот на кралот во дебито на Алваро Арбелоа, кој го замени Чаби Алонсо на клупата.
Во текот на оваа недела раководството на 15-кратниот европски клупски шампион одржало неколку средби со потенцијални кандидати за тренерската позиција. Се очекува новиот стратег да започне со работа од летото, додека Алваро Арбелоа ќе остане на чело на тимот најмалку до крајот на сезоната.
Пред неколку дена беше објавено дека Реал Мадрид и Арбелоа потпишале договор до крајот на сезоната 2026/27.
Синоќа Реал Мадрид загуби со 3-2 на гостувањето кај Албасете во осминафиналето од Купот на Шпанија и доживеа шокантна елиминација.
Чаби Алонсо се раздели со мадридскиот клуб по поразот од 3-2 против Барселона во финалето на Суперкупот на Шпанија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













