Тензиите меѓу најголемите шпански ривали добиваат нова димензија, откако Реал Мадрид наводно подготвува обемна тужба против Барселона пред УЕФА поради аферата „Негреира“.
Според информациите од Шпанија, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, смета дека каталонскиот клуб сторил сериозни неправилности со исплатите кон Енрике Негреира, поранешен потпретседател на Техничката комисија на судии во Шпанија. Станува збор за сума поголема од осум милиони евра, исплатена во периодот од 2001 до 2018 година преку приватни компании поврзани со Негреира.
Иако Барселона во повеќе наврати објасни дека плаќањата биле наменети за извештаи, анализи и советодавни материјали поврзани со судиите, во Реал Мадрид сметаат дека случајот заслужува дополнителна истрага и санкции.
Флорентино Перез веќе подготвил досие од околу 500 страници, кое наскоро ќе биде доставено до УЕФА. Мадридскиот клуб ќе бара од европската куќа на фудбалот да ги преиспита освоените трофеи на Барселона во спорниот период, а наводно ќе инсистира и на можноста каталонскиот гигант да биде исклучен од европските натпреварувања.
Аферата „Негреира“ останува една од најконтроверзните теми во шпанскиот фудбал во последните години, додека правните и дисциплинските постапки поврзани со случајот сè уште предизвикуваат големо внимание во спортската јавност.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Халанд: Мечот со Англија е специјален за мене
Втора лига
Баже Јанакиевски е нов тренер на Работнички













