Реал Мадрид славеше со 2-0 против Овиедо на „Сантијаго Бернабеу“ во натпревар од 36. коло во Ла Лига, но резултатот остана во сенка на случувањата на трибините и незадоволството кај навивачите.
Стрелци за мадридскиот тим беа Гонзало Гарсија во 44. минута и Џуд Белингем во 80. минута.
Натпреварот немаше поголемо резултатско значење, бидејќи Реал сигурно ќе ја заврши сезоната на второто место, додека Овиедо и официјално испадна во понизок ранг.
Сепак, најголемо внимание привлекоа реакциите од трибините. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како претседателот Флорентино Перез влегува во вербална расправија со дел од навивачите, откако од трибините бил истакнат транспарент со порака тој да го напушти клубот.
Дополнително, дел од публиката го исвирка и Килијан Мбапе кога влезе во игра во второто полувреме, бидејќи мечот го започна од клупата.
Реал доминираше уште од стартот и поведе непосредно пред паузата, кога по висок пресинг Брахим Дијаз му асистираше на Гонзало Гарсија, кој прецизно стрелаше за 1-0.
Во вториот дел на теренот се врати и Дани Карвахал, кој беше поздравен со аплаузи од публиката, бидејќи се очекува наскоро да го напушти клубот.
Мбапе по влегувањето веднаш беше опасен кон противничкиот гол, а во 80. минута токму Французинот асистираше за вториот погодок, кога Белингем со прецизен удар од работ на шеснаесетникот ги постави конечните 2-0.
До крајот немаше поголеми возбудувања, а натпреварот повеќе ќе остане запаметен по атмосферата на трибините и незадоволството на навивачите, отколку по самата победа на Реал Мадрид.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













