Реал Мадрид влезе во сериозен конфликт со Ла Лига, како и со Барселона и дел од фудбалските медиуми, по изјавите на претседателот Флорентино Перез на последната прес-конференција.
Перез тогаш остро реагираше на, како што ја опиша, организирана кампања против него, најавувајќи дека е подготвен да оди на претседателски избори за да го потврди својот легитимитет на чело на клубот.
Таа најава денеска доби официјална потврда, откако на веб-страницата на клубот беше објавен почетокот на процедурата за избор на нов претседател.
Според објавениот календар, од 14 до 23 мај ќе трае рокот за поднесување кандидатури. Доколку има повеќе кандидати, на 23 мај ќе биде соопштен датумот на изборите. Во случај да нема противкандидат, Перез автоматски ќе добие нов мандат и ќе остане на чело на „кралскиот клуб“.
Шпанските медиуми веќе пишуваат дека можен сериозен противкандидат би можел да биде Енрике Рикелме Вивес, долгогодишен поддржувач на клубот и влијателен бизнисмен кој сега има амбиции да ја преземе водечката улога во најтрофејниот шпански клуб.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер се договори со голманот на Лацио
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













