Британските медиуми тврдат дека од извори блиски до Реал Мадрид го дознале името на мистериозниот фудбалер кој Флорентино Перез планира да го доведе доколку победи на претседателските избори.
Актуелниот прв човек на клубот предизвика вистинска бура оваа недела кога откри дека подготвува рекордна понуда од 150 милиони евра за голема ѕвезда.
Според неговите зборови, станува збор за играч кој настапува за еден од најголемите клубови во Лигата на шампионите.
„Наскоро ќе испратам понуда до клуб од Лигата на шампионите, во вторник, и тоа ќе биде најголемата сума што Реал Мадрид некогаш ја платил за еден фудбалер. Станува збор за најмалку 150 милиони евра. Не е Жереми Доку, не е Ерлинг Халанд, не е Хари Кејн, ниту Мајкл Олисе. Овој договор не е за дефанзивец. Може да биде играч од средниот ред или напаѓач. Тој е млад играч и не доаѓа од Премиер – лигата. Тој е вистински галактикос“, изјави Перез.
Овие зборови предизвикаа бројни шпекулации низ Европа, а многумина се обидоа да откријат за кого станува збор.
Флорентино Перез веќе ги договорил условите со Жозе Мурињо за негово враќање на „Сантијаго Бернабеу“ и сака дополнително да ја зацврсти својата позиција со спектакуларен трансфер.
Се наведува дека Реал ги договорил условите и со Ибрахима Конате и Дензел Дамфрис, кои би требало да бидат дел од реконструкцијата на тимот.
По изјавата на Перез, со Реал беа поврзувани многу звучни имиња, меѓу кои Олисе, Кејн, Халанд, Доку и Витиња.
Сепак, според новинарите на „TEAMtalk“, повикувајќи се на извори од Реал Мадрид, играчот за кого станува збор е Хвича Кварацкелија.
Грузискиот репрезентативец се етаблираше како едно од најдобрите крила во светот, откако од Наполи во јануари 2025 година премина во ПСЖ во трансфер вреден 80 милиони евра.
„Извори блиски до Реал Мадрид ни потврдија дека токму тој е играчот за кого станува збор и дека веќе се преземени подготовки за потенцијален трансфер“, наведува медиумот.
Останува прашањето дали ПСЖ ќе биде подготвен да го продаде својот фудбалер, но според истите информации, во Реал се подготвени да понудат и повеќе од 150 милиони евра.
Наводно, Перез е подготвен да понуди дури 180 милиони евра за Кварацхелија, кого сака да го види во дресот на Реал Мадрид уште од ова лето.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













