Синоќа ексклузивно беше откриено дека Флорентино Перез донел одлука кого сака за тренер на Реал Мадрид во следната сезона.
Се зборуваше за Јирген Клоп, потоа за Дидие Дешамп, па и за Зинедин Зидан, како и за уште неколку тренери, но ниту еден од нив не е прв избор на Перез.
Имено, претседателот на Реал Мадрид на клупата на тимот од следната сезона го сака Жозе Мурињо.
Не е тајна ниту дека Мурињо има огромна желба да се врати во Реал Мадрид, бидејќи во својот прв мандат не успеа премногу да се прослави.
Сепак, „Специјалниот“ одлучил да постави одредени услови кога добил повик од Перез.
Имено, дури девет услови Мурињо поставил пред првиот човек на Реал Мадрид.
Шпанските медиуми успеале да дознаат какви услови поставил Мурињо, а тоа се:
Целосна контрола над почетниот состав, управувањето со екипата и соблекувалната.
Без мешање од кого било, без разлика на хиерархијата во клубот.
Двегодишен договор.
Стручен штаб кој ќе го донесе со себе во Реал Мадрид.
Одредени промени во актуелниот играчки кадар.
Седуммина играчи кои веќе ги прецртал треба што побрзо да го напуштат клубот.
Целосна контрола и врз кондицискиот тим за да се спречат честите повреди.
Сака да комуницира исклучиво со Флорентино Перез, а не со неговите соработници.
Целосна контрола над плановите за летните подготовки.
Перез, според информациите на шпанските медиуми, ги прифатил условите на Мурињо, а веќе протекла и понудата што ја ставил пред овој одличен тренер.
Имено, Перез му понудил на Мурињо договор до 2028 година.
Освен тоа, челниците на Реал Мадрид се подготвени веднаш да ја платат откупната клаузула од 3 милиони евра на Бенфика.
Раководството на португалскиот тим ја чека конечната одлука на Жозе Мурињо, кој исто така на маса има понуда од Бенфика за продолжување на соработката. Доколку замине, нов тренер на Бенфика најверојатно ќе биде Марко Силва.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













