Флорент Рамадани и Фитон Адеми нема да бидат дел од Шкендија во продолжението на шампионатот. Тоа било нивна сопствена желба и инсистирање, да пробаат да прејдат во средини каде што ќе добијат повеќе минути игра. Клубот решил да ја прифати нивната желба, давајќи им дозвола за заминување, откако официјално играчите и клубот го раскинале договорот по заедничка согласност.
Флорент Рамадани, 25-годишен фудбалер од средниот ред, беше дел од првиот тим на Шкендија цели шест сезони. За тоа време забележа 145 официјални настапи – 119 во шампионатот, 5 во Купот на Македонија и 21 во европските натпревари, постигнувајќи 20 голови. Како стабилен и посветен играч на средината, Рамадани остави видлив печат на средината на теренот.
Фитон Адеми, 23-годишен напаѓач, беше дел од првиот тим три сезони, по претходните настапи за Струга, Воска и Беса. Во дресот на Шкендија одигра 70 официјални натпревари – 53 во шампионатот, 5 во Купот и 12 во европските натпревари, постигнувајќи 17 голови и давајќи значаен придонес во офанзивната линија на тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













