Тренерот на Барселона, Ханси Флик, зборуваше пред медиумите во пресрет на утрешниот реванш со Интер во полуфиналето на Лигата на шампионите. Првата средба во Шпанија заврши со спектакуларно реми (3-3), а германскиот стратег најави дека ќе има значајни промени во одбраната, поради повредите и проблемите со концентрацијата во првиот натпревар.
„Не мислам дека треба да вршам притисок врз играчите. Освоивме два трофеи, а никој не очекуваше дека ќе бидеме овде на крајот од сезоната. Сакаме да уживаме во овие моменти. Направивме анализа од првиот меч – мораме да се браниме подобро, можеби ќе има и некои промени“, изјави Флик.
Одбраната на Барса е ослабена поради повредите на Жул Кунде и Алехандро Балде. Роберт Левандовски е во составот и може да се појави од клупата.
„Се чувствува добро. Ќе биде на клупата ако имаме потреба од него“, дополни стратегот на Барселона.
За противникот Интер, Флик додаде:
„Мора да бидеме помудри тактички, особено при прекините. Интер има искуство и ефикасност. Мораме да се адаптираме на нивната игра и да го сведеме бројот на корнери на минимум.“
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













