Connect with us

Флик: Кога се збогував со Араухо, тој изгледаше среќен дека оди во Ливерпул

Ханси Флик направи резиме на настапот на Барселона на двата натпревари од пријателскиот триаголен турнир „Фриули Венеција Џулија Куп“. Каталонците го победија Нотингем со голот на Рафиња, но веднаш потоа загубија од Удинезе, по што италијанскиот тим го крена трофејот пред домашната публика во својот град Удине.

Натпреварите се одиграа во формат од по едно полувреме и беа добар тест со не многу високо темпо за Флик да види до каде е стигната подготовката на неговите фудбалери.


Германскиот стручњак ја коментираше и актуелната состојба на трансферниот пазар во клубот, кој пред околу 24 часа направи решавачки чекор кон ангажман на освојувачот на „Златната топка“ за 2024 година, Родри, откако стана јасно дека Роналд Араухо ќе замине на позајмица во англискиот гигант Ливерпул.

„Моравме да донесеме одлуки кои не беа лесни. Ги советував. Таква е ситуацијата. Сите тимови мора да прават промени. Мора да се остави простор за младите. Араухо е одличен човек и фантастичен играч. Но, начинот на игра е различен од оној на кој јас се потпирам. Моќен е, брз… Штета е. Беше тешко бидејќи не го вклучував онолку колку што би сакал. Влијаеја грешките што ги направи во минатото. Разговаравме. Го видов добро расположен и среќен, му посакувам сè најдобро. Промените се нормални во животот и во фудбалот.

Има многу врева околу нас. Знаеме што сакаме. Сакаме да го подобриме тимот. Мирни сме. Следната недела ќе пристигнат многу играчи. Оваа претсезонска подготовка не е нормална, времето е малку“, додаде тој.

Флик посебно зборуваше и за Феран Торес, за кого сè почесто се шпекулира дека дал согласност да премине во Пари Сен Жермен.

„Го почитувам одморот на играчите и не знам ништо. Не сум разговарал со него. Бев фокусиран на триаголниот турнир“, појасни Флик.

На крајот, тренерот на шпанските шампиони кажа неколку зборови и за Рафиња и Фермин Лопес.

„Рафиња тренира со нас 10 дена, а Фермин – малку повеќе. Ми изгледаат добро. Рафиња е најважниот играч за мене поради неговата интензивност. Тој е еден од капитените, се бори за тимот…“, заврши Флик.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови