Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше задоволен по победата на гости од 2-4 против Атлетико Мадрид. Каталонците направија спектакуларен пресврт, иако губеа со 2-0 на „Метрополитано“.
Флик ги пофали своите играчи за тоа што покажаа цврст карактер и не се откажаа, и покрај негативниот развој на натпреварот.
„Игравме добро, но во првото полувреме примивме два гола. Сепак, тимот покажа неверојатен менталитет. Се боревме напорно и создадовме многу шанси. Среќен сум за тимот и за нашите навивачи“, изјави Флик.
„Феран беше фантастичен. Играчите што влегуваат од клупата се добро подготвени и секогаш даваат 100% од себе. Токму тоа ни треба“, додаде Германецот.
На крајот, стратегот на Барселона призна дека неговиот тим има јасна цел.
„Ќе се бориме да ја освоиме титулата во Ла Лига“, изјави Флик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













