Connect with us

ФК Скопје гледа кон Чаир и посакува прв триумф во елитата

Скопје освои три бода во првите шест кола од Првата фудбалска лига, откако трипати ремизираше со ривалите. Имаше и тежок распоред, па последната позиција на табелата сепак не треба да делува премногу разочарувачки. Но, јасно е дека многу повеќе бодови се собираат кога ќе се оствари триумф.


Тоа е желбата на тимот од Автокоманда за денешното гостување на Чаир и дуелот со Шкендија Арачиново.


„Подготвени сме за надигрување и размислуваме за победа“, порачуваат од ФК Скопје.


Во меѓувреме, Скопје анагажираше уште неколку нови имиња, па сега тренерот Муарем Муарем има на располагање поквалитетен состав.


Натпреварот меѓу Шкендија Арачиново и ФК Скопје е закажан за 16 часот на стадионот Чаир.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови