Македонскиот прволигаш Шкендија се огласи со соопштение за јавноста во кое истакнува дека жали за огромната трагедија во Кочани и клубот ја испочитува минутата молк одредена од ФФМ, но мала група од околу 20 поединци покажале неодговорно однесување, кои не биле дел од „Балистите“.
„ФК Шкендија со целосна одговорност ги следи и почитува сите институционални одлуки поврзани со чувствителни моменти за општеството. Како клуб, длабоко ја доживеавме трагедијата што се случи во Кочани – настан што го потресе целиот народ и емотивно се одрази и на нашето секојдневие. Оваа тага беше присутна на секој тренинг во изминатите денови и се рефлектираше и на натпреварот против АП Брера, каде што, и покрај победата од 2:1 и зачувувањето на првото место на табелата, тимот не го прослави триумфот на вообичаен начин.
Во тој контекст, Шкендија ја испочитува минутата молк, одредена од Фудбалската федерација на Македонија во чест на жртвите. Сепак, за време на овој момент, група поединци на трибините одлучи да не ја почитува тишината – однесување што не го претставува ниту клубот, ниту навивачката група во целост. „Балистите“, кои обично се позиционирани на трибината „Маршин Беќири“ зад голот, овој пат беа сместени на централната трибина. На стадионот присуствуваа околу 3.000-4.000 гледачи, а само група од околу 20 поединци покажаа неодговорно однесување, кое не ги одразува чувствата, солидарноста и почитта на поголемиот дел од присутните навивачи.
„Балистите“ се 12-тиот играч на клубот и отсекогаш биле нераскинлив дел од Шкендија, но неодговорното однесување на мала група поединци не го претставува ставот на навивачката група, која во моментов е во процес на реорганизација, ниту на останатите гледачи, кои во тој момент реагираа со свирежи како знак на незадоволство кон тие што пееја.
ФК Шкендија изразува жалење за оваа ситуација и повторно го истакнува својот цврст став во почит кон загубените животи и болката низ која поминува целото општество“, се вели во соопштението на ФК Шкендија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













