Македонскиот прволигаш Пелистер се огласи со соопштение по вчерашниот натпревар против Вардар, кој битолскиот тим го загуби со 1-3. Раководството на клубот вели дека судиите имаат тенденциозен критериум кон ФК Пелистер.
Првиот гол на Вардар беше постигнат од пенал за кој домаќините имаа бурни реакции кога беше досуден.
“ФК Пелистер чувствува потреба да се обрати до јавноста по последните несреќни и неадекватни арбитражи на нашите натпревари. Со целосен респект и поддршка за судискиот систем и разбирање дека задачата на судиите без ВАР-системот не е едноставна, апелираме нашиот клуб, кој е култен, традиционален, најгледан сезонава во Првата лига, да биде соодветно третиран.
На последните два натпревари против Шкупи и Вардар свeдoци сме на целосно извртен и тендециозен критериум, што е многу полош симптом од една индивидуална грешка, која секому може да му се случи. Но, кога критериумот не е изедначен и кога една грешка се надоврзува на друга, апелираме да биде преиспитан перформансот на одредени судии.
На споменатите натпревари грешките директно влијаат на резултатот, а со тоа и на изгледот на табелата. Со мирен и професионален тон нагласуваме да се изедначат критериумите, да се постават најдобрите судии за најдобрите натпревари и да се остават во мир да ги носат клучните одлуки. Во овој период на сезоната сведоци сме дека тоа и не е баш така”, се вели во соопштението на ФК Пелистер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













