Еден од најдобрите македонски тимови за младински категории, ФК Њу Старс од Скопје ќе игра во финалето во пионерска конкуренција – генерација 2002 против Победа од Купот на Македонија.
Екипата на Њу Старс во двомечот од полуфиналната пресметка беше подобра од Шкупи славејќи на домашен терен со убедливи 3-0, откако во Чаир загуби со 1-2.
Во категоријата петлиња и помалите петлиња и двете генерации на Вардар, денеска обезбедија финале на Купот со победите над Академија Пандев односно Шкендија со идентични 3-1.
Петлињата на Вардар имаа 2-2 по првиот меч, но со денешниот триумф се пласираа во финалниот меч. Кај помалите петлиња, пак, ситуацијата беше далеку појасна со триумфот од 0-3 во Тетово над Шкендија, и денеска со триумфот само го потврдија пласманот во финалето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal













