Фудбалскиот клуб Гостивар се огласи на социјалните мрежи по скандалозното напуштање на теренот на мечот против Работнички, при резултат 1-2, во 85-тата минута.
„Инцидентот што се случи денес не е насочен против нашиот противник Работнички. Нашата реакција е упатена кон судијата на натпреварот, Игор Стојчевски! Овој судија е познат по своето скандалозно судење. Ниту еден тим не го сака.
Во врска со соопштението на ФФМ, секоја реченица од таа изјава ќе биде одговорена ЕДНА ПО ЕДНА. Како што рековме на нашата прес конференција вчера, ние сме чисти, нема тема на која не можеме да одговориме!“, истакнаа од Гостивар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













