Физичка пресметка претходела во Кристал Палас пред гостувањето кај Арсенал, откриваат медиумите на Островот. Главни актери биле капотенот на Кристал Палас, Лука Миливојевиќ и Мичи Батшуаи. По жестоката кавга и пресметка морале да реагираат соиграчите.
Миливојевиќ збеснал по однесувањето на Батшуаи во моментите кога тимот имал посебни задачи од Хоџсон во однос на додавањата, а идејата била брзо да се реагира по примањето на топката. Во таа вежба, белгискиот напаѓач реагирал многу бавно, а потоа и малку се исмејувал со соиграчите. Капитенот се налутил и со сета сила го гаѓал со топка Батшуаи, а потоа настанал хаос.
Сепак, по ремито со Арсенал и освоениот бод, многу помирно е во Кристал Палас. Миливојевиќ одигра речиси цел меч, а Батшуаи остана на клупата за резерви.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













