Шпанскиот голман на Фиорентина, Давид де Хеа, ќе остане во клубот и следната сезона. „Виолетовите“ ќе ја искористат опцијата за автоматско продолжување на договорот со искусниот голман на крајот од сезоната. Договорот меѓу двете страни ќе биде продолжен за уште една година.
Искусниот Де Хеа има одлична сезона во италијанскиот клуб и веќе забележа десет натпревари без примен гол, иако до крајот на сезоната во Серија А остануваат уште шест кола.
Последен пат кога Фиорентина успеала да зачува „чиста мрежа“ на двоцифрен број натпревари беше во сезоната 2017/18, кога голман на тимот беше Марко Спортиело.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal













