Connect with us

Финалето на Светското првенство е најскапиот спортски настан во историјата на САД

Финалето на Светското првенство, кое ќе се одигра в недела, ќе биде најскапиот спортски настан што некогаш се одржал во САД кога станува збор за цените на билетите на секундарниот пазар. Според податоците на „ТикПик“, просечната цена на билет за дуелот меѓу Аргентина и Шпанија е повисока од онаа за други големи спортски спектакли, како што се Супербоул и финалињата на НБА.

Најевтиниот билет за финалето моментно чини 6.943 долари, што претставува мал пад во однос на околу 7.200 долари пред Аргентина во средата да ја совлада Англија и да обезбеди место во мечот за титулата.

Просечната цена на купен билет за финалето изнесува 11.327 долари, според „ТикПик“, што е највисока просечна цена некогаш регистрирана. До средата попладне, најскапата трансакција била за два билета во секторот 115А на стадионот „МетЛајф“, по цена од 28.479 долари за билет, односно вкупно 56.958 долари.

Според „ТикПик“, следните најскапи спортски настани во историјата на САД, според просечната цена на билетите, се:

Супербоул LVIII (2024) – Сан Франциско Фортинајнерс против Канзас Сити Чифс: 9.411 долари
Супербоул LV (2021) – Тампа Беј Баканирс против Канзас Сити Чифс: 7.313 долари
Супербоул LIV (2020) – Канзас Сити Чифс против Сан Франциско Фортинајнерс: 6.546 долари
Финале на НБА 2026, трет натпревар – Њујорк Никс против Сан Антонио Спарс: 6.308 долари

Во меѓувреме, најниската цена за билет за натпреварот за третото место меѓу Франција и Англија е околу 900 долари. Цените се намалиле за приближно 300 долари откако Англија беше елиминирана од Аргентина.

Според повеќето финансиски показатели, Светското првенство 2026 е најскапиот турнир во 96-годишната историја на најголемото натпреварување под капата на ФИФА. Кога турнирот започна минатиот месец, просечната цена на билетот изнесуваше 1.622 долари, според податоците на „СитПик“, а за полуфиналните натпревари таа се искачи на 4.162 долари.

Сепак, за време на турнирот имаше и значителни падови на цените на секундарниот пазар. Така, билетите за четвртфиналниот натпревар меѓу Шпанија и Белгија поевтинија за речиси 60 отсто, откако двете селекции ги елиминираа САД и Португалија, предводена од Кристијано Роналдо, и обезбедија место во четвртфиналето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови