Connect with us

Финалето на Лига Европа во 2029 година ќе се игра во Белград

Сурчин ќе биде домаќин на финалето во Лига Европа во 2029 година. Одлуката ја донесе Извршниот комитет на УЕФА на седницата во Солун.

Финалниот натпревар во второто по ранг најсилно европско клупско натпреварување ќе се одигра на 23 мај 2029 година на Националниот стадион во Сурчин, кој се гради во рамките на проектот ЕКСПО. Истата сезона финалето во Лигата на шампионите ќе се одржи во Барселона.

Според последните информации, изградбата на Националниот стадион треба да заврши на почетокот од 2028 година. Така, Србија ќе добие можност да биде домаќин на едно од најголемите европски клупски финалиња само една година по завршувањето на стадионот.

Србија, заедно со Албанија, во 2027 година ќе биде и домаќин на Европското првенство за фудбалери до 21 година. Натпреварите, покрај во Белград, ќе се играат и во Лесковац, Лозница и Бачка Топола.

УЕФА во последните години ги зголеми инвестициите и поддршката за фудбалските проекти во регионот на Западен Балкан, а доделувањето на домаќинството на финалето во Лига Европа на Србија е продолжение на тој тренд.

Најавено е дека изградбата на стадионот, кој ќе се простира на 121 хектар, ќе чини околу 257 милиони евра. Капацитетот ќе изнесува приближно 52.000 седишта.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови