Connect with us

Филип Костиќ ќе го засили ПСВ Ајндховен

ПСВ Ајндховен ќе го засили својот тим со искусниот крилен напаѓач Филип Костиќ, кој во холандскиот клуб ќе пристигне како слободен агент. Според информациите, српскиот фудбалер ќе потпише двегодишен договор со ПСВ.

Костиќ последно беше дел од Јувентус, но неговиот договор со торинскиот гигант истече на крајот од јуни. Тој помина четири сезони во редовите на „старата дама“, а во сезоната 2024/25 настапуваше како позајмен фудбалер во Фенербахче.

Триесет и тригодишниот фудбалер за Јувентус одигра вкупно 112 натпревари, на кои постигна шест голови и забележа 16 асистенции. Пред да пристигне во Торино, Костиќ настапуваше за Раднички Крагуевац, Гронинген, Штутгарт, Хамбургер и Ајнтрахт Франкфурт.

Костиќ е и стандарден српски репрезентативец, со 72 настапи за националниот тим, на кои има три голови и 13 асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови