Connect with us

Филип Антовски потпиша за Австрија Виена

Младинскиот репрезентативец Филип Антовски потпиша договор со австрискиот клуб Австрија Виена. Тој е стандарден член на националниот тим во 21 година, а успеа квалитетот да го докаже и на пробата во Австрија Виена.


Антовски како младинец од Вардар замина во вториот тим на Динамо Загреб, а потоа како позајмен играч настапуваше и во бугарскиот клуб Славија Софија.


„Голема чест е за мене што ќе бидам дел од еден од најголемите клубови во Австрија, со голема историја и традиција. Можам да ветам напорна работа и максимално залагање секогаш кога ќе добијам шанса да го носам дресот на Австрија Виена“, изјави Антовски за официјалниот сајт на клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови