Connect with us

Филевски потпиша нов договор со Брегалница

Брегалница ја продолжи соработката со голманот Никола Филевски, кој и во наредниот период ќе биде дел од штипскиот тим.

Одличните настапи на чуварот на мрежата во изминатата сезона беа доволна причина клубот да му понуди нов договор, а двете страни без двоумење се договорија соработката да продолжи.

Филевски беше еден од стандардните играчи на Брегалница и со своите интервенции даде значаен придонес во остварувањето на целта – враќањето на штипскиот клуб во Првата македонска фудбалска лига.

Со новиот договор, младиот голман останува важен дел од тимот, кој сега го очекуваат нови предизвици и настапи во прволигашката конкуренција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови