Стигнаа нови многу лоши вести за Србија, но овојпат јавноста не беше разочарана од играчите на теренот, туку од челните луѓе на ФИФА.
Имено, покрај убедливиот пораз од Англија на домашен терен со 0-5, сега пристигнаа и нови разочарувачки вести за сите во Србија.
Станува збор за казна што ФИФА му ја изрече на Фудбалскиот сојуз на Србија. ФСС е казнет со 80.000 франци поради инцидент поврзан со безбедноста на стадионот.
Исто така, санкцијата се однесува и на несоодветното однесување на дел од навивачите за време на натпреварот меѓу Србија и Англија, одигран на 9 септември 2025 година во Белград.
Не е проблем само паричната казна, туку фактот што и онака намалениот капацитет за натпреварот против Албанија ќе биде дополнително скратен.
Фудбалскиот сојуз на Србија е должен наредниот меч против Албанија во Лесковац да го одигра со ограничен број навивачи на трибините. Ќе бидат затворени најмалку 20% од капацитетот на стадионот, пред сè зад головите.
ФСС мора најдоцна десет дена пред мечот да ѝ достави на ФИФА план за распоред на седиштата.
Можно е, со претходно одобрение од ФИФА, дел од капацитетот да биде пополнет со заедници од посебен интерес, како што се ученици или семејства. Планот мора да содржи јасни активности против дискриминација, како маички или транспаренти со такви пораки.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими се засили и со Фатјон Јусуфи













