Официјалните лица на ФИФА најавија дека судиите на претстојното Светско првенство строго ќе ги применуваат новите и дополнително појаснети правила со цел да се намали одолговлекувањето на играта и да се зголеми ефективното време поминато на теренот.
Претседателот на Судиската комисија на ФИФА и прв човек за судење, Пјерлуиџи Колина, истакна дека основната цел е максимално да се намалат прекините кои го нарушуваат ритамот на натпреварите.
Меѓу најзабележителните новини е можноста за доделување црвен картон на играчи кои за време на конфликт или расправија со противникот намерно ги покриваат устата со рака, дрес или подлактица со цел да ја сокријат содржината на разговорот.
„Ако станува збор за пријателски разговор, тоа е едно. Ако се работи за конфликтна ситуација, тогаш тоа е сосема друга приказна“, изјави Колина.
Судиите исто така ќе можат да покажат црвен картон на играч кој демонстративно ќе го напушти теренот незадоволен од одлука на арбитерот.
За да се забрза играта, воведено е и визуелно одбројување од пет секунди при изведување гол-аут и аут. Доколку голманот не го изведе гол-аутот пред истекот на времето, противничката екипа ќе добие корнер. Ако аутот не биде изведен во предвидениот рок, топката ќе му припадне на противникот.
Играчите кои се заменуваат ќе мора да го напуштат теренот во рок од десет секунди, освен во посебни околности како што се повреди или безбедносни причини.
ФИФА дополнително ги прецизираше и овластувањата на ВАР-системот. Видео-асистенцијата ќе може да интервенира кај погрешно доделен втор жолт картон што води до исклучување, случаи на погрешен идентитет на играч, како и при неправилно досудени корнери.
Исто така, ВАР ќе може да реагира доколку се утврди дека напаѓачката екипа направила прекршок пред топката да биде ставена во игра при слободен удар или корнер, доколку таа ситуација директно влијаела врз гол, пенал или дисциплинска мерка.
И покрај настојувањата да се забрза темпото на натпреварите, ФИФА потврди дека на секој меч ќе бидат предвидени триминутни паузи за освежување на средината од двете полувремиња, што значи дека вкупното времетраење на натпреварите не мора нужно да биде пократко.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













