ФИФА повторно разгледува можност за голема промена на форматот на светските првенства, а според најавите, Мундијалот во 2030 година би можел да се игра со дури 66 репрезентации.
Иако претстојното Светско првенство веќе носи историско проширување од 32 на 48 селекции, во врвот на ФИФА сè погласно се зборува за уште поголем формат. Идејата првично дошла од КОНМЕБОЛ, а целта е на повеќе држави да им се овозможи настап на најголемата фудбалска сцена.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, веќе подолг период го промовира Светското првенство како глобален спектакл што треба да вклучи што повеќе земји. По најавите дека на турнирот во 2026 година ќе дебитираат репрезентации како Зеленортските Острови, Курасао, Узбекистан и Јордан, интересот за дополнително проширување уште повеќе се засилил.
Светското првенство во 2030 година треба да се одржи во Шпанија, Португалија и Мароко, додека свечени натпревари се планирани и во Аргентина, Уругвај и Парагвај. Сепак, евентуалното зголемување на бројот на учесници би создало сериозен притисок врз инфраструктурата и организацијата.
Во Шпанија веќе се појавуваат проблеми околу стадионите, а според локалните медиуми, Малага се повлекла од кандидатурата за домаќин, додека неизвесен останува и статусот на стадионите Сан Мамеш и Реал Арена.
ФИФА засега официјално не донела конечна одлука, а многу ќе зависи од успехот на Светското првенство во 2026 година кое ќе се игра во САД, Мексико и Канада. Доколку форматот со 48 репрезентации се покаже успешен и од спортски и од финансиски аспект, шансите за дополнително проширување значително ќе пораснат.
Во меѓувреме, ФИФА нема намера да прави нови промени во Светско клупско првенство. Организацијата се откажала од идејата турнирот да се одржува на секои две години, а следното издание засега е планирано за 2029 година.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













