Connect with us

ФИФА менува уште едно правило: Голманите нема да смеат да провоцираат при пенали

Емилијано Мартинез освен како голман на светските шампиони, во историјата ќе остане запаметен и како човекот поради кој ќе бидат променети фудбалските правила. Неговото однесување, не она по натпреварот кога го прими трофејот за најдобар голман, туку провокациите при изведувањето пенали, придонесоа ФИФА да размислува за ново правило.


Како што пишуваат англиските медиуми, на годишниот конгрес на ФИФА во март, ќе биде донесено ново правило.

На голманите ќе им биде забрането да им се обраќаат на фудбалерите кои изведуваат пенали, да гестикулираат кон нив, да ги деконцентрираат пред да изведуваат пенал и да прават други психолошки игри при изведувањето на ударите од белата точка. Ова не се однесува само на изведување пенали по истекот на мечот, туку и на пеналите во текот на играта.

Мартинез така се однесуваше на два меча, поточно пенал – серијата што ја добија Аргентинците, но секако има и други голмани кои прават слични работи.

Да се потсетиме само на однесувањето на Тим Крул, голманот на Холандија во 2014 година, кога Ван Гал го внесе во 119. минута од судиското продолжение против Костарика во четврт-финалето на Светското првенство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови